Учествуваме во едукацијата на еднакви можности
Проектот има за цел едукативно воведување на младите во поимот еднаквост на половите и излегување од стереотипните и нелогичните навики за дискриминација на жената.
Размислете за:
луѓето не се свесни за своите навики за потценување на моќта на жените.
- Луѓето често го отфрлаат мислењето на жените како ирелевантно.
Многу генерации наследуваат некакви ритуали на однесување, без да се запрашаат дали се исправни.
- Некои деца се чувствуваат осамени и изолирани, иако живеат во семејство.
Проектот има за цел да апелира за градење на среќни семејства, со среќни деца, кои покрај учењето, дружењето, кровот над главата, имаат и отворени релации со родителите и другарите.
Сте размислиле ли дека
некои деца се дисктирминирани од сопствените родители
- Некои родители не се свесни дека ги омаловажуваат сите мислења на детето, само затоа што е дете.
некои деца се срамат од себеси, затоа што се деца, помали од другите, или дека немаат знаење како возрасните.
- Насилното однесување на возрасните, прераснува во насилно однесување на децата.
Животот се дели според делата, а не според деновите.
Секој човек тежнее да оди во група со други, било да е дома, во училиште, или на работа. Работејќи во група луѓето можат да постигнат повеќе, отколку секој сам. Покрај тоа позабавно е. Младите во работните групи на ОРТ, активно се вклучени во создавањето нови идеи, давајќи поголем квалитет на заедницата. |