Ниту еден човек не е сам по себе голем, ниту добар. Туку таков е дури кога ќе го споредиш со другите, кои не се големи ниту добри.

 

 

 

Онаму каде што секој го прави тоа што го сака, таму владее анархија. Слободата владее онаму кадешто секој го прави тоа што никој друг не би можел да го направи подобро.

 

 

 

Луѓето се борат за слободата и ја постигнуваат со тешка мака. нивните деца, израснати во мир, пуштаат слободата да им избега. И нивните внуци повторно се робови.... Д.Х. Лоренс

 

Придонеси за подобра иднина!    учествувај во локалото одлучување!

Во своите активности, ОРТ ги вклучи младите лица и децата во предлагање на мислења, идеи и предлози за локално управување. На работилници и тркалезни маси, се собираат предлози за подобрување на животот и работата на младите во градот. Предлозите се доставуваат до локалната самоуправа и се бара повратен одговор и акција од нивна страна. 

НЕ ЗАБОРАВАЈ ДЕКА!!!

Општеството постои за благосостојба на своите членови. Не постојат членовите за благосостојбата на општеството.

Архуската Конвенција овозможува пристап  до информации за животната средина, учество на јавноста во процесот на донесување одлуки и пристап до правдата за прашања во врска со животната средина.

Трите столба на Конвенцијата се:
1. Право на физичките и правните лица да бараат информација во врска со животната средина;
2. Право на јавноста да учествува во процесот на донесување одлуки, кои се поврзани со животната средина;
3. Право на пристап до правдата, во случај кога двете права не се почитуваат.   

 

 Алатки за имплементирање на локална политика:

  1. Локална Агенда 21,
  2. ЛЕАП,
  3. Системи за еколошко управување, ЕМС и ЕМАС
  4. Оцена на влијание врз животната средина (ЕИА),
  5. Стратешка оцена на влијание врз животна средина (СЕА)
  6. Интегрално спречување и контрола на загадувањето.

 

Учествуваме во едукацијата на еднакви можности

Проектот има за цел едукативно воведување на младите во поимот еднаквост на половите и излегување од стереотипните и нелогичните навики за дискриминација на жената.

Размислете за:

луѓето не се свесни за своите навики за потценување на моќта на жените.

  • Луѓето често го отфрлаат мислењето на жените како ирелевантно.

Многу генерации наследуваат некакви ритуали на однесување, без да се запрашаат дали се исправни.

  • Некои деца се чувствуваат осамени и изолирани, иако живеат во семејство.

Проектот има за цел да апелира за градење на среќни семејства, со среќни деца, кои покрај учењето, дружењето, кровот над главата, имаат и отворени релации со родителите и другарите.

Сте размислиле ли дека

некои деца се дисктирминирани од сопствените родители

  • Некои родители не се свесни дека ги омаловажуваат сите мислења на детето, само затоа што е дете.

некои деца се срамат од себеси, затоа што се деца, помали од другите, или дека немаат знаење како возрасните.

  • Насилното однесување на возрасните, прераснува во насилно однесување на децата.

Животот се дели според делата, а не според деновите.

Секој човек тежнее да оди во група со други, било да е дома, во училиште, или на работа. Работејќи во група луѓето можат да постигнат повеќе, отколку секој сам. Покрај тоа позабавно е. Младите во работните групи на ОРТ, активно се вклучени во создавањето нови идеи, давајќи поголем квалитет на заедницата.

Да се запрашаме

Во историјата но и во денешницата постојат податоци за загадување на животната средина и деградација на природата во нашата земја, предизвикани како од соседните земји така и од страна на Македонија. Разни ризици, (антропогени или природни) се во рангот на опустинување на територии, намалување на прекуграничните водни извори, техничко-технолошки инциденти од прекугранично влијание, пожари, човечка негрижа, обесшумување, поплави, или прекумерен лов и риболов. Ризиците од еколошките проблеми преминуваат од една во друга држава преку ганица, а за нив не постои превентивна ажурност. Станува збор за еколошки притисоци во одредени региони, кои биле потенцијални причинители за конфликти на соседните заедници, а ретко да прераснале во политичко прашање во дипломатската соработка. Немање визија, свест и интерес, е причина за незаинтересираноста на околните земји да се иницираат акциони планови на меѓудржавно и локално ниво за решавање на прекуграничното загадување. Иако на локално ниво се оптеретени со безбедноста на социјален мир, заштита од конфликт, или заштита од напад од дивеч, во безбедноста на човекот станува битно прашање заштитата на природата. Проблемот на еколошката безбедност во прекуграничен контекст сеуште е неизедначен со традиционалните вреднувања за физички опасности за човештвото е причина да еколошките прашања се разгледуваат единствено како индустриска или научна грешка. Во исто време соочени со чудни природни невремиња, екстремни индустриски хаварии, или едноставно засегнати од небезбедна храна, закани по здравјето и слични последици од глобалните опасности, луѓето-граѓаните стануваат посвесни да бараат мерки за еколошка заштита, односно да се борат за безбедноста на живеалиштата.

Пишува: М-р Билјана Стевановска

Стравот од апокалипса 11/11/11

      Некој предвидел дека на уникатен датум со исти бројки ќе се случи апокалипса. Прежиевеавме и 11/11/11 како датум. Но, до кога ќе се седи во страв од апокалипса? Додека не сватиме дека основната работа од којашто треба да се плашиме е интензивното загадување и природната реакција со еко-катастрофи.

 

     Грижата за безбедност потекнува од вградениот код на живиот организам за опстанок. Како што биолошки организмот тежнее за опстојување прилагодувајќи се на условите на благосостојба или закана од надворешното опкружување, така државата ја гради својата безбедносна функција за заштита на своите вредности. Со цел да се поврзе загадувањето на природата со безбедноста, од голема корист е да се прикаже дека во основата на детерминантите кои влијаат врз безбедноста, фокусирани на општествените вредности и добра, лежи безбедноста на природата (со неа заштита на биодиверзитетот и животната средина). Природните услови се основа за постоење на општеството и услов за неговиот иден развиток, така да поголемиот дел на активности против безбедноста на една држава може да се гледаат како противници на еколошката рамнотежа. одржувањето на безбедноста на државата подразбира заштита на сите витални вредности. Една од виталните вредности е природното богатство и здравјето на населението. При тоа организираноста на системот на заштита и борба против загрозувачите на вредностите ќе зависи од предзнаењето за еколошките ризици, или формите со кои што се врши загрозувањето на природата. Колкава е ефикасноста државата во справување со еколошките предизвици зависи од нејзината подготвеност за брзо реагирање, при што слабите држави се справуваат подолго време од организираните држави. Често пати природната несреќа не е голем проблем за решавање, туку неможноста на државата да се справи со проблемот е изворот на криза во регионот, со поразителен резултат на незадоволство на настраданите, висока стапка на смртност, повреди, бездомници итн. 

Пишува: М-р Билјана Стевановска

all rights reserved ORT @2011