Снегот во вторник
Што има во тоа
Тоа вторнично утро, ги отворив очите свртени кон смрзантиот прозорец. Снегулките се лепеа една по една врз рамката, ветувајќи дека ќе имаме дебела снежна наметка оваа недела. И навистина, надвор имаше 20 цм снег. Среќна се јавив на другарите по телефон, а тиве веќе беа истрчани на полјанката во маалото со санките, желни да се играме и правиме топки. Снегот во нашиот град е задоволство само на децата.
Снегот изненади
Постарите лица со гримаса го дочекаа утрото, чудејќи се како ќе го исчистат снегот од прагот. Лизгавите тротоари им задаваа неволја на пешаците и возачите кои упорно сакаа да паркираат автомобил на непрописно место. Улиците не беа исчистени до крај, така да цел ден течеше спора река од автомобили на закрчени во сообраќајот. Повторно во градот се јавуваа критики дека снегот ги изненадил надлежните, па им треба време од една недела за да се среди ситуацијата. Ние младите се прашуваме, зошто од таква убава појава на зимска идила, возрасните прават драма, нервоза и нефункционален град..
Кампања за убаво Скопје под снегот
Младинската работилница во ОРТ се ангажираше да ги анимира граѓаните, во зимските денови со многу снег, да се вклучат во активно чистење на патеките, но со собирање на снегот на парковските површини, како би им овозможиле на децата да го уживаат убавиот момент. Тие пратија низа честитки по сандачињата во своите населби. Воедно апелираа до надлежните институции поефикасно да ги уредуват улиците покриени со снег. |
Нова енергија
Се ближи денот кога сонцето ќе светне, кокичињата ќе излезат, багремот ќе расцути и мириса целиот град.... Нашите велосипеди подготвено стојат пред врата за да ги извозат новите километри на детски патеки, треници и кејот на реката Вардар. Само да дојде сабота..... Веќе се замислуваме растрчани по топката во градскиот парк. Ние и нашите другари од училиштето....
| Дали си бил/a на излет? Охридското езеро е покрива површина од 358,2 km² и се протега во должина од 30,8 km, а најголемата широчина изнесува 14,8 km. Должината на брегот изнесува 87,5km. Неговата длабочина достигнува до 289 m. Богато е со 200 ендемски видови, меѓу коуникатната Пастрмка. Од нашата прошетка ви ја даваме сликата од еден зимски охридски ден.
Матка е кањон на 17 km од Скопје, со вештачко езеро и многу убави карпи и пештери. Едно неделно утро прошетавме таму и ви ја доловуваме сликата на тој убав пролетно зимски ден. На гранката имаше славеј..
Како да се постигнат барањата за урбано живеење, а да не се наруши природната рамнотежа? Користи јавен превоз, велосипед или пешачи. Купувај еколошки производи. Живеј среќно во Скопје, главниот град во Македонија. Скопје им 800 000 жители, на површина од 1,854 km2 и со надморска височина од 225 м.
|