Извештај за 2010
Во своите напори во 2010 година ОРТ оствари помалку активности од 2009 година, а со тоа и помал буџет од 800.000 денари.
1. Активностите за животната средина се концентрираа на едукација на младите за природата, во училиштата, нивните секции, како и во канцеларијата на ОРТ. Учество зедоа 500 деца преку цела година. Повеќето од нив беа активни во деновите за животната средина, организирајќи акции во парк.
2. Денот на Планетата, 22. Април беше обележан со организирање на конфернеција за верските заедници и животната средина, заедно со БЕЛЛС. Присутни беа 50 лица.
3. Денот на екологијата -5 јуни беше обележан со акцијата Шумски ѕверки промоција на ликовни и уметнички творби на учениците од средно училиште, во Градски парк, заедно со БЕЛЛС. Присутни беа 300 лица.
4. Промоција на зближувањето на децата од разни средини, преку изработка на Веб страница, се одржа во летниот период, во што учество зедоа 200 деца. Тие направија нова Веб страница на ОРТ која стоеше пола година.
5. Соработката со другите здруженија постојано се одржуваше со преписки и потпишување на петиции за разни апели за заштита на живонтата средина.
6. Во соработка со ТАЦСО, организиравме семинар од 5 (4+1) дена за обука за стратешко планирање на здруженија на граѓани, во Охрид и Скопје.
7. ОРТ беше застапен на меѓународни семинари, конфернеции и настани.
8. Во соработка со многу здруженија изработивме апликации за проекти на домашен и меѓународен план. Сега очекуваме резултати за 2011 година.
9. Остварена е соработка и партнерство со организации од Албанија и Хрватска. Сеуште се работи на проширување на соработката со Бугарија и Грција.
10. Како консултанти на МЦМС одржавме предавања на 2 семинари, учествувавме во анализа на успесите на проектот ЦИВИЦУС од 2004 година и други акции.
11. Ја продолживме соработката со општините преку поддршка во изработка на проекти.
12. Потпишавме договор за соработка на истражување со WABTEK Скопје, што е успех во остварување на партенство со стопанскиот сектор. |