Прекугранично споделен и интегриран алтернативен туризам во Крушево и Пограде 

 

Главната цел на овој проект е зајакнување на малите стопанства за проширување на туристичката дејност во алтернативните видови на туризам, со фокус на екологија, спорт и култура.

 

 

      Посебно проектот настојува да поттикне прекугранична деловна соработка, обука, трансфер на искуства, спојување на бизнисите во интегриран производ (езеро и планина) во туристичкиот сектор.

 

Интегрираниот туризам зависи од:

  • Креативното предлагање на нови идеи за туризам.
  • Поврзување на слични и разични дејности во заедничка понуда.
  • Заедничка визија на фирмите на море, езеро и планина за пренесување на туристите преку целата година

 

              

                                      Крушево                                          Поградец

 

  

    Проектот е фокусиран на 2 различни региони, географски не се далеку едeн од друг, но се многу далечни во нивното управување, културното наследство, деловната ориентација и туризмот. Регионот од Поградец преку Охридско Езеро и Пелагонија, до Крушево е жив музеј, познат по својата традиционална архитектура.
   

 

Поградец е познат по чиста вода, летните одмори, спортот, одбојка на плажа, пливање, кошарка и бокс.

 

   
Крушево нуди скијачки центар, историски споменици, свеж воздух, шума, планинарство и параглајдерство. Постои голем капацитет за широки туристички услуги.

                                                                      

                                           Проектот нуди:

          

 

 

· Проценка на туристичкиот капацитет во регионот и можностите за соработка

 

 

 

· Учество на секој заинтересиран за пракса и соработка во туризмот во странство

 

 

 

· Учење на културата, храната, јазикот, ракотворбите од странски гости

 

 

 

· Обука за раководење, промоција со современи маркетинг алатки, посредување во понуди и планирање на туристичката дејност

 

 

 

· Создавање заеднички бизнис понуди за планина-езеро-море со прекугранична синергија на спорт, одмор, рекреација, етно прошетки, добра храна, анимација и сместување

 

 

 

· Прекуграничен туристички каталог со понуди од учесниците за зимска и летна сезона за да се задржат туристите цела година

 

· Регионален саем за алтернативен туризам за следната туристичка сезона.

 
 
Мотивираме синергија
 
 
Проектот е мотивиран да покрене синергија во давањето на туристички и пропратни услуги, во нова форма, која досега била мала и неатрактивна за поголеми инвеститори. Планинскиот и езерскиот туризам во Поградец и Крушево ќе дадат заедничка понуда од туристички пакет за летни и зимски одмори за новите туристи од Европа.
     

Актуелна понуда од проектот

 На 03.07.2011 година е отворен повикот за заинтересираните Крушевчани да учествуваат во прoширувањето на сопствените туристички понуди. Рокот за пријавување е до 20.07.2011.

    

Прекугранично споделен и интегриран алтернативен туризам.
Проектот е финансиран од Европската Унија.
 
 

“Публикацијата е создадена со помош на Европска Унија. Содржината на оваа публикација е чиста одговорност на ОРТ и во ниеден начин неможе да влијае на погледите на Европска Унија.”

 

Во рамките на проектот Прекугранично споделен интегриран алтернативен туризам, во периодот од 23 до 28 Август 2011 се одржаа три семинари во Крушево со следниве теми :

 

1. Трендови во туризмот и креирање работни места (23-24 август)

2. Комуникација на туристичкиот продукт со туристот (25-26 август)

3. Развој на Бизнис идеја во алтернативен туризам ( 27-28 август)

 
 
 

 

all rights reserved ORT @2011