Дали ја знаете вашата насока во иднината?

                                                                                                                                 Ние ја дефиниравме

 

 ...

БИДИ ДЕЛ ОД НАШИТЕ АКТИВНОСТИ! ПРИКЛУЧИ СЕ! ВОЛОНТИРАЈ!

Програма за 2011 година

1.     Интензивирање на кампањата за собирање и селектирање на ПЕТ пластиката со едукација во училиштата во повеќе општини.
2.     Кампања за издигнување на јавната свест преку обележување на значајни денови за екологијата и социјалата, секој месец, преку медиумите
3.     Возобновување на кампањата за поттикнување на вработувањеото, преку акции за волонтерите, акции за едукација за креирање на мали бизниси и слично
4.     Зајанкување на капацитетот со иницирање на акции за волонтерите, мотивирање на студентите и уредување на канцеларискиот простор.
5.     Интнезивирање на мониторингот на имплементација на законите врзани со слободен пристап до информации, или за пристап до одлучувањето за животна средина.
6.     Поддршка на мирот, преку акции за намалување на насилството, социјален диајлог, владеење на правото и друго.
7.     Зајакнување на соработката со други здруженија фоднации, бизнисот, локална самоуправа и Министерствата
8.     Промовирање на консултантските дејности.
9.     Развој на културата, почитување на историското и природно наследство, преку кампања, едукација, издавање на брошури.
Буџетот за 2011 се планира да изнесува 2.000.000 денари.

 

Извештај за 2010
Во своите напори во 2010 година ОРТ оствари помалку активности од 2009 година, а со тоа и помал буџет од 800.000 денари.
1.     Активностите за животната средина се концентрираа на едукација на младите за природата, во училиштата, нивните секции, како и во канцеларијата на ОРТ. Учество зедоа 500 деца преку цела година. Повеќето од нив беа активни во деновите за животната средина, организирајќи акции во парк.
2.     Денот на Планетата, 22. Април беше обележан со организирање на конфернеција за верските заедници и животната средина, заедно со БЕЛЛС. Присутни беа 50 лица.
3.     Денот на екологијата -5 јуни беше обележан со акцијата Шумски ѕверки промоција на ликовни и уметнички творби на учениците од средно училиште, во Градски парк, заедно со БЕЛЛС. Присутни беа 300 лица.
4.     Промоција на зближувањето на децата од разни средини, преку изработка на Веб страница, се одржа во летниот период, во што учество зедоа 200 деца. Тие направија нова Веб страница на ОРТ која стоеше пола година.
5.    Соработката со другите здруженија постојано се одржуваше со преписки и потпишување на петиции за разни апели за заштита на живонтата средина.
6.    Во соработка со ТАЦСО, организиравме семинар од 5 (4+1) дена за обука за стратешко планирање на здруженија на граѓани, во Охрид и Скопје.
7.     ОРТ беше застапен на меѓународни семинари, конфернеции и настани.
8.     Во соработка со многу здруженија изработивме апликации за проекти на домашен и меѓународен план. Сега оекуваме резултати за 2011 година.
9.    Остварена е соработка и партнерство со организации од Албанија и Хрватска. Сеуште се работи на проширување на соработката со Бугарија и Грција.
10. Како консултанти на МЦМС одржавме предавања на 2 семинари, учествувавме во анализа на успесите на проектот ЦИВИЦУС од 2004 година и други акции.
11. Ја продолживме соработката со општините преку поддршка во изработка на проекти.
12.  Потпишавме договор за соработка на истражување со WABTEK Скопје, што е успех во остварување на партенство со стопанскиот сектор.

креирано во ОРТ. Сите права се на ОРТ.