
ОРТ се вклучи во Коалицијатa "Заедно за Натура 2000" која работи на процесот Натура 2000 во Македонија, заедно со 11 еколошки организации од Македонија. Коалицијата се залага за заштита на животната средина, биолошката разновидност и на живеалишта.
________________________________________________________________
Начин на работа на "Заедно за натура 2000"
Организациите се среќаваат и дискутираат на работилници за координација, обука, размена на податоци, како и за начините за вклучување на македонските заштитени подрачја како и подрачјата од важност за животот на птиците и водниот свет, во оваа мрежа.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Мисијата на Коалицијата е:
„Коалицијата “Натура 2000” обединува организации и поединци кои делуваат на полето на заштита на животната средина и биолошката разновидност со цел да се обезбеди воспоставување на еколошката мрежа Натура 2000 во Република Македонија.
Коалицијата се залага за спроведување на правната регулатива и добрите практики за заштита на животната средина и биолошката разновидност при сите инфраструктурни или други загрозувачки активности во Република Македонија. Со тоа коалицијата ќе придонесе кон воспоставување и заштита на Натура 2000 подрачја.
----------------------------------------------------------------------------------------------


Закони и ЗАКОНИ И ДИРЕКТИВИ
Основа за работа и појдовна точка на Натура 2000 се два документи: Директива за заштита на дивите птици (Brids Directive 2009/147/Ec како и Директива за конзервација на природни живеалишта на дива флора и фауна (Habitat Directive 92/43/EC.).
Во Македонија, двете директиви се ратификувани. На нив се надоврзуваат 54 уредби за прогласување на заштитени подрачја на природни предели од високо значење, како и законите за природа и за животна средина.
|
Што е Натура 2000?
Натура 2000 е европска еколошка мрежа. Таа е поставена врз ЕУ политиката за природа и биодиверзитет. Тоа е европска мрежа за заштита на природни области утврдени во 1992г. Мрeжата исто така вклучува и подрачјата под посебна заштита и заштита на птиците од 1979. Натура 2000 не е систем на строги природни резервати каде сите човечки активности се исклучени. Системот овозможува во поголемиот дел од пределот да биде во приватна сопственост со акцент на обезбедување на одржливо управување и еколошки и економски.
Натура 2000 се однесува на живеалишта на птици и живеалишта и за морската средина, кои се поделени во биогеографски региони .
На Натура 2000 барометар дава ажурирани статистички информации за напредокот во воспоставувањето на мрежата Натура 2000.
|