Дали ја знаете вашата насока во иднината?

Ние ја дефиниравме

 

 

 

ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА WWW.ORT.ORG.MK.


 ОРТ е непрофитна организација за

промоција, обука, спроведување и воведување на принципите на одржливиот развој во сите сфери на живеењето и работењето на секое правно и физичко лице,

со цел остварување на одржлив развој на Македонија и регионот, за подобра иднина, заштита на природата, намалување на загадувањето, хуманизација на живеењето и еднаквост на луѓето.

 


Учењето од книги не е се'. Треба да искусиш дека снегот прво паѓа од кровот свртен на сончевата страна. 

 

Еднаквите права, можности и пристап до ресурсите, еднаквата поделба на семејните и работните одговорности го прави хармоничното партнерство, како пресудни елементи за добросостојбата на семејствата, заедниците и државата.

  

календар на важни денови

2 февруари  Светски ден на водните живеалишта 22 април Ден на планетата Земја
5 март Светски дена за заштита на енергија 24 април  Светски ден за заштита на заморчиња
21 март  Светски ден на пролетта, недела на екологијата 15 мај Меѓународен ден за зачувување на климата
22 март Светски ден на водата
24 мај  Светски ден против пушењето
23 март  Светски ден на метеорологијата
5 јуни  Светски ден на екологијата
30 март  Ден на крводарителите
8 јуни  Светски ден на океаните
7 април  Светски ден на здравјето 17 јуни  Светски ден против опустошување и суши
8 април Светски ден на Ромите 20 јуни  Светски ден на бегалецот

 

  Постојат светски денови за обележување на некоја важна тема од животот. Тие го потсетуваат човекот да размисли барем еден ден за проблемите што ги има светот.

 

Децата во целиот свет апелираат до возрасните да им помогнат на незгрижените, да ја зачуваат чиста природата и да го остават светот во мир. Една генерација и' дава простор на друга, како што есенските лисја им отвораат пат на прекрасното зеленило на пролетта.

 


 

Бидете активни!!

Децата се мајстори за интернет и web страници

 

Веб страницата на ОРТ е целосно изработена од младите лица, ученици на компјутерските работилници на ОРТ.

 

Препознавајќи ја појавата на неактивност и изолираност на децата во своите домови, како и појавата на немање доволно информатичко образование, проектот БИДИ АКТИВЕН  има за цел да ја мотивира дружбата помеѓу децата, да низ игра научат повеќе за компјутерските вештини на дизајнирање на веб страница. Резултатот од нивното учење е промовиран на оваа страница.

Општа цел
Наша цел е давање придонес кон информатичкото општество и стимулирање на тимската работа за неформално образование, кај младите, заедно со всадување на чувство за потреба од бавење со планска и систематска активност во слободното време, заради стекнување на индивидуи со позитивни психо-социјални карактеристики.

Активностите се во форма на работилници, натпревари, забави, фер-плеј, комуникација, соработка, дружење и солидарност на 100 млади лица на возраст од 7-15 години, кои учат и живеат во Скопје. Ние ги обединивме сите без разлика на нивната верска и етничка припадност.

 

Проектот е остварен со поддршка од Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

Членовите на ОРТ ја искажуваат својата благодарност до Генералниот секретаријат, за укажаната доверба.

Проект за промоција на младите кои се образуваат во ИТ вештини. Сите права се на ОРТ.